Неверојатниот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд одново одушеви на големата сцена и даде ефектен гол за Манчестер Сити во Лигата на шампионите.
Овојпат „жртва“ на Норвежанецот беше Спарта Прага. Халанд доби нафрлена топка од Савињо, скокна и акробатски со пета шутна не гледајќи го голот. Топката се одби од земја и го прескокна голманот на гостите.
Погледнете го голот на Халанд во долунаведеното видео :