СИТЕ ПАТНИЦИ СЕ ЕВАКУИРААТ, ЛЕТ ОД МАКЕДОНИЈА Е ПРИЧИНА ЗА ЦЕЛАТА МЕШАНИЦА НА АЕРОДРОМОТ ВО БЕЛГРАД

0
495

Околу 800 луѓе моментално се наоѓаат на еден од катовите на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, каде во тек е евакуација на патниците поради безбедносни контроли, пренесува Блиц.

Како што дознава медиумот, тоа може да предизвика доцнење и забавување на воздушниот сообраќај од белградскиот аеродром.

Проблемот во безбедносната контрола на аеродромот настанал, наводно, кога патниците кои долетале од Македонија по слетувањето влегле во автобусот, кој по грешка ги однел на погрешен гејт.

Така завршиле во транзитната зона, каде што не треба да бидат бидејќи Македонија не спаѓа во групата земји кои ги имаат потребните дозволи за тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_)