Сите медиуми пишуваат за сообраќајката на Диме Спасов, само ТЕЛМА, МАКЕДОНСКАТА CNN и NBC ГЛУМАТ ЛУДИЛО и го кријаат идентитетот на Спасов ДА НЕ ДОЗНАЕ СОПРУГАТА, РАЈАТА И КОЛИШЕВСКИ!

0
3157

Сите интернет медиуми информираат за сообраќајката на екс министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој доцна вечерва предизвикал сообраќајна несреќа во скопската населба Тафталиџе кај катастарот каде со службено возило џип Туарег од агенцијата за вработување удрил во оградата позади катастарот каде потоа бегал и бил фатен од страна на алфите но само телевизија Телма одлучи да го скрие неговиот идентитет.

Не се знае дали неутралците од македонската CNN и BBC телевизија го кријаат идентитетот за да не им се налути Диме Спасов и да не им дојде во дебати на Телма кај Чом или кај Боби Христов или пак го кријаат неговиот идентитет од вечерашната негова сообраќајка за да не дознае сопругата и свекорот Лазар Колишевски дека зетот им бркал млади елитни фиданки и тоа КАМЕН ПИЈАН по скопските улици со службено возило па и бламот дека се слупал во ограда кај катастарот додека го бркале алфите.

Ова што го прави Телма е се само не професионализам,  бидејќи од несреќата на Спасов информираат речиси сите електронски медиуми а воедно има и видео запис од несреќата но тоа не е важно, важно е дека неутралките од Телма го тераат својот филм и продолжуваат срамежливо да ја помагаат власта каде во нивната објава на сајтот стои дека Спасов бил во автомобилот као демек не се знае дали тој го возел или девојката.

Нека стои ова тука да не потсети за тоа како од Телма се глупираат и свесно го затскриваат идентитетот на Диме Спасов иако тоа е веќе одамна евидентирано од страна на МВР.

screenshot_7