Советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, Кристина Атанасова-Арсова низ солзи си поднесе оставка од функцијата за време на изборот на в.д. градоначалник во Кочани.
– Ќе побарам прошка и извинување на сите граѓани кои дадоа глас за мене како дел од советничката листа, затоа што не успеав да реализирам многу работи бидејќи тие работи не беа приоритет за градоначалникот и раководството.
Истите водени од своите суети, понесени од моќта на функциите, се грижеа само за своите интереси, истакна денеска советничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Кочани.