Сите АУДИО СНИМКИ од БОМБАТА на СДСМ објавена во Куманово: Изборниот криминал спроведен од Грујовата криминална банда!

0
617

Мартин Костовски, претседател на ОО СДСМ Куманово на денешната прес конференција говореше за изборните манипулации, кои се правеле во режија на ВМРО –ДПМНЕ при што не се жалеле, како на парични, така и на финансиски ресурси.

kumanovo

Претседателот на ОО СДСМ посочи дека „Кумановo му кажа големо „не“ на Никола Груевски и неговото газење на слободата и демократијата. По објавувањето на Вистината за Македониај“, граѓаните ќе му кажат „не“ nа Груевски. Општина Куманово е под константна пресија и финансиски притисок од централната власт. Нема да престанат, но Куманово било и ќе биде Социјал-демократски град„, рече Костовски.
СДСМ од Куманово укажа на разговори меѓу Гордана Јанкулоска и Кирил Божиновски, кои разговараат како да ги добијат изборите во Куманово, на кој начин и кои луѓе да се ангажираат. Гордана Јанкулоска, договара на кој начин да функционира коалицијата во Куманово помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Стевчо Јакимовски, тогаш дел од Српската напредна странка.

Со извесен Горан од Старо Нагоричане е договарана соработка со, како што вели Јанкулоска “некој круг на такви бандити како него“.

Како Кирил Божиновски бара “специјална стратегија за Ромите“, тој се изразува вулгарно за овие наши сограѓани.

СДСМ во Куманово посебно се осврна на некогашниот нивен активист, кој според разговорите меѓу Гордана Јанкулоска и Виктор Цветковски, одработувал за ВМРО-ДПМНЕ.

Во изборната битка за Куканово биле вмешани и високи партиски функционери на ВМРО- ДПМНЕ. Од разговорот меѓу Гордана Јанкулоска и вице-премиерот Владимир Пешевски, претседателот на ОО СДСМ Куманово, Костоски вели дека Јанкулоска признава како се договараат за да се спречат возилата на СДСМ, и за да не одат по партиски работи туку да бидат испратени на технички преглед. Јанкуловска, вели Костовски, интензивно го користи МВР да одработува за поотребите на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ објави два разговори за кои посочи дека се на Гордана Јанкулоска со Никола Тодоров во кој кажува дека се ветени големи суми пари-75.000 во кеш и се ургира што побрзо да се достават парите за партијата на Драгиша Милетиќ.

Мартин Костовски, претседател на ОО СДСМ Куманово објави и снимен разговор на кој вели дека Гордана Јанкулоска признава дека за партиски потреби се злоупотребиле и списоци на резервниот состав на АРМ.
Таа, вели, Костовски, кажува дека ги фатиле за изборите сите фирми, стечајците и сите криминалци.

„Неуки се луѓето, мали работи бараат да им завршиме“.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=kkE9ZdJ-HvE[/youtube]