Сирискиот огранок на Ал Каеда нуди три милиони евра за главата на Асад

0
1248

moha

Лидерот на сирискиот огранок на Ал Каеда, Абу Мохамед ал Голани понуди три милиони евра за главата на сирискиот претседател Башар ал Асад и два милиони за главата на лидерот на либанското шиитско милитантно движење Хезболах.

Ал Голани во објавена аудио снимка вели дека ќе му плати „три милиони евра на оној, кој ќе го убие Башар Асад и ќе го избрише од историјата“.

– Уште колку време ќе се лее муслиманска крв поради човек, кој е вљубен во власта? Колку време треба да чекаат муслиманите за да си ги вратат правата?, праша лидерот на групацијата Џебхат ал Нусра (Фронт на победата).

Ал Голани исто така вети два милиони евра за секој, кој ќе го убие лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.