СИНЏИР НАФТЕНИ КОМПАНИИ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ЈА ИЗИГРААТ ДРЖАВАТА СО ДАНОЦИТЕ, НАСКОРО ЌЕ ИЗЛЕЗЕМЕ СО ДЕТАЛИ, ИЗЈАВИ ЛУКАРЕВСКА

0
749

Има мало намалување на уплатата на ДДВ, но поголем проблем е сивата економија која е предизвик за сите служби. Ние работиме на еден специфичен ланец компании кои се обиделе да ја изиграат државата и наскоро ќе ја информираме јавноста, изјави Сања Лукаревска, заменик претседател на СДСМ и директорка на УЈП во емисијата 24 анализа на ТВ 24 за работата на УЈП во делот на прибирање на даноците. Таа откри дека станува збор за нафтени компании.

Во делот на прибирање на даноци таа е задоволна од приходот кој изнесува 10 милијарди денари за ноември, односно 111 отсто споредено со планираниот, како и споредено со лани. Таа додаде дека поголеми приходи има не само од ДДВ туку и од приходи на плати.

– Апсолутно да, има пари во државата, но се уште се бориме со оние работодавачи кои немаат исплатено плати на работниците што влијае на стандардот, вели Лукаревска. 

Во однос на буџетот на следната година кој изнесува 5,5 милијарди евра, Лукаревска вели дека е очекуван со оглед што приходната страна во изминатата година беше задоволувачка иако била предизвикувачка.Лукаревска вели дека кај нас перцепцијата кон даноците како државата да одзема нешто од граѓаните, но тоа се средства што потоа се враќаат кон граѓаните.

– Апсолутно зголемување на стапките на даноците нема да има, рече Лукаревска.