Thursday, July 10, 2025
14.8 C
Skopje

СИНОЌА СЕ ОДРЖА ПРЕМИЕРАТА ОД ,,ФАМИЛИЈАРНА ПОСЕТА” ВО СПОРТСКАТА САЛА ,,БОРИС ТРАЈКОВСКИ”, ПРЕТСТАВА НА МЛАДАТА АКТЕРКА АНИЦА БЕБИЌ КОЈА ПОБУДИ СИЛЕН ИНТЕРЕС ВО ЈАВНОСТА

Синоќа во спортската сала ,,Борис Трајковски” се одржа премиерата од ,, Фамилијарна посета во 03:14:07 – 7 минути порано”, претстава на младата актерка Аница Бебиќ.

Аница Бебиќ по професија е дипломиран актер при интернационалниот факултетот за режија и глума ,,ПРИМА” во Скопје која низ оваа претстава ни ги претставува нејзините режисерски способности каде што низ претстава ни ги опишува самоубиствата, празнината, абортусот и слично.

Актерката Бебиќ низ оваа премиерна претстава исто така се обидува да не упати, нас луѓето да ги обработуваме овие теми, да бараме решение за овие големи проблеми за кого повеќето од нас се плашат да ги отворат за дискусија или слободно може да се каже дека сеуште ни се тешки за решавање како проблеми на едно општество.

Претставата на младата актерка Аница Бебиќ иако одржана во скромна атмосфера  наиде на голем интерес кај јавноста но и не помина незабележано од страна на дел од познати режисерски и актерски имиња.

Следните изведби на претставата ,,Фамилијарна посета” ќе се одржат на 31-ви јули и 1-ви август.

Проектот е финансиран од Министерството за култура на Република Северна Македонија во режија на Аница Бебиќ, актерска екипа Захарија Ангелеска, Филип Трајаноски, аудио визуелна продукција на Дарко Димитриески, онлајн реализација Бранко Блажевски (монтажа) , Илија Жоговски (камера), (кореографија) AERIAL Маја Крстеска платно, (композитор на музика) Оливер Јосифовски.

Огромна благодарност од страна на актерката Аница Бебиќ до екипата и реализаторите како и поддршката од страна на министерството за култура на Република Северна Македонија, која во претставата се појавува не само како режисер туку и како актер.

Со почит, Аница Бебиќ.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОРНО АКТЕРКАТА КОКО БАЕ ОТКРИ КОИ МАЖИ НАЈДОБРО ЈА ПЛЕСКАЛЕ А КОИ БИЛЕ НАЈЛОШИ

Коко Бае, ѕвездата од филмовите за возрасни, ја разврани...

НЕОФИЦИЈАЛНО КЕТИ СТЕВАНАНЏИЈА ОД РЕДОВИТЕ НА СДСМ ЌЕ БИДЕ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА ВО ПРИЛЕП

Неофицијално според информации до кои дојде редакцијата на ,,Народен...

ХЕРОЈСКА АКЦИЈА ВО СТЕНКОВЕЦ: Д-Р ВИКТОР ГРУЕВ И ТИМОТ НА ЈП ЛАЈКА СПАСИЈА НАД 30 КУЧИЊА ОД ПОЖАР

Докторот по ветеринарна медицина Виктор Груев денеска покажа што...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ