Синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани три девојки кои на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи, трите девојки на 112 пријавиле дека стадо диви свињи се постојано зад и околу нив, иако се симнувале по асфалтираниот пат и дека се многу уплашени. Притоа, побарале да се отклучи рампата на Средно Водно, за да може нивни блиски да ги земат со возило.
Во 23.42 часот полициско комбе дошло на лице место, по што девојките биле безбедно евакуирани.