Синот на пациентот што доби срце: Да изразиме сочувство и да им кажеме дека нејзиното срце се уште чука, фамилиите ќе останат сплотени, а срцето е нашето единство

0
858

Васил Огњановски, синот на пациентот кому ноќеска му беше трансплантирано срце изрази големо сочуство до семејството на починатата жена од кое неговиот татко го доби срцето.

-Пред се едно големо сочуство и големо благодарам до фамилијата што со донирањето спасија три животи, од кој еден е животот на татко ми, рече Огњановски.

Како што посочи, се се случило многу бргу. Им било јавено пред два дена дека е најдено срце и дека ќе биде извршена првата ваква трансплантација кај нас.

-Операцијата се направи. Полека го будат. Очекувањата се големи. Еднаш докторите го спасија, го вратија меѓу живите, сега тоа го прават уште еднаш и едно многу големо благодарам за нив. Во државата имаме многу дорби доктори што ќе спасат милиони животи, рече Васил, синот на пациентот кому му е трансплантирано срце.

Тој би сакал да се сретне со семејството на донаторката, но пред се, како што кажа, би сакал прво да стивне нивната болка, па потоа да се запознаат, и тој и неговиот татко да биде во состојба да се запознае со нив.

-Да изразиме сочвуство и да им кажеме дека нејзиното срце се уште чука. Фамилиите ќе останат сплотени, а срцето е нашето единство, рече тој.