Синот на Мендух Тачи повреден во синоќешната престрелка во Тетово

0
570

tetovo ka

Тетовската полиција приведе еден осомничен за синоќешниот вооружениот инцидент во тетовското кафуле „Бар Код“, додека по друго лице интензивно се трага.

– Имаме обезбедено еден осомничен, додека по друг се трага – изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Полицијата, соопшти дека моментално има две осомничени лица, но бројот на осомничени може да биде проширен во текот на натамошната истрага.

Во инцидентот, настрада едно лице, шест беа ранети со огнено оружје, додека четири се здобија со друг вид повреди.

Според неофицијални информации на поратлот Порталб, еден од повредените е и синот на лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Неофицијално осомничените и застреланото лице имале претходно расправија. Синоќа, застреланиот седел на маса со уште неколку лица во кафулето, кога влегле осомничените. Откако го забележале веднаш почнала вербална расправа и се обиделе да го изнесат надвор од локалот, по што дошло до метежот.