Синдикатот на новинари и медиумски работници со осуда за текстот на Мирка Велиновска

0
595

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ)  денеска преку соопштение го осуди текстот на Мирка Велиновска во кој, како што велат оттаму, се врши медиумски линч врз припадници на левичарското движење Солидарност и членови на партијата Левица, соборци во Повелбата за солидарност за заштита на работничките права.

Како Синдикат на новинари, ССНМ е дополнително провоциран да реагира на содржината, која претставува повеќе безбедносно-разузнавачки текст, напишан во духот на „најдобрата” традиција на хушкашкото творештво, кое за жал и кај нас се подведува под терминот новинарство, иако тоа воопшто не е.

Наша должност е да укажеме оти не станува збор за производ на професијата на која ѝ припаѓаме и изразуваме длабока и непоколеблива солидарност со жртвите на овој текст, од кој како професионалци решително се оградуваме и го осудуваме – велат од Синдикатот во соопштението до јавноста.