СИЛЈАНОВСКА : ПЛАНОТ Е ГРАДЕЊЕ ДОБРОСОСЕДСКИ ОДНОСИ

0
63
Претседателката Гордана Силјановска Давкова од Охрид посочи дека го почитува Преспанскиот договор, како и дека го почитува меѓународното право. Таа истакна дека начинот како ќе го користи името на државата е „лична определба, право што е загарантирано со повисоки акти од билатералните договори“.

-Се разбира дека имам план. Планот е градење добрососедски односи. Планот е нудење почит и барање самопочит. И мислам дека како што во политиката треба да се трага по уметноста на можното, ќе го направиме набрзо.

Мојата прва изјава беше дека нема да одам по светот, дека сакам да се сретнам со соседите и мислам дека ќе го остварам тоа. Се разбира за разговор се потребни сите околу вас и ние немаме друг избор освен да разговараме.Дијалогот е здрава работа и ако нема взаемна почит нема да има резултат. Политиката бара дијалог и јас сум спремна да трагам по тоа и взаемно да ги надминеме проблемите – истакна Давкова.