Се чувствате ли безбедни на телефон?

0
547

Некои „помалку битни“ моменти вредни за спомнување…

Во налет на објава на тајно снимени аудио разговори, Заев не убеди односно гарантира дека ниту еден од тие приватни  разговори нема да излезе јавно!

11021121_10206040297116955_1098749694736639473_n

Се мислам дека тоа и не е нешто специјално, ако се има предвид дека таква „гаранција“ граѓаните на Р.М. “уживаат“ и од УБК, со оглед на фактот што до денес ниту еден приватен разговор не објавиле, а прислушкувале речиси од 2010 година, или 2007 год.(по кажување на СДСМ), јас би додал од `91 (како професионална деформација во управата).

Може звучам претенциозно, но за мене клучно прашање е дали тие аудио материјали со прислушкувани приватни разговори кои ги поседувале во УБК, се злоупотребувале во минатото и дали во иднина ќе се злоупотребуваат како компромитирачки материјал за уцена и изнуда во политички и бизнис цели и интереси? Одговорот како да се наѕира…

Кој има гаранција после оваа афера(„Бомба“ т.н.) дека никој не не прислушкува?

Ако системот за обезбедување тајност во меѓусебното општење е толку кршлив и несигурен, до мера да неприметно се прислушкува последни 5 години, кој може сега нам да ни гарантира безбедноста и приватност во разговорите, кој може да ни гарантира дека овој систем нема да се злоупотребува?!

Од друга страна, среќа Заев се заканил со аудио материјали (по кажување на Премиерот), па МВР го „откриле кртот во своите редови“. А да не се заканел Заев? Ќе знаевме денес дека луѓе од службите не прислушуваат? Не!

Сите ние, а најповеќе јавните функционери, треба да му бидеме благодарни на Заев што јавно обзнанил дека некој не прислушкува, со тоа го сврти вниманието кај сите нас, особено најзасегнатите, дека треба посебно да внимаат со кого и каде разговараме и што разговараме.

Старите Римјани преку прашањето „Qui bono?“ (Кој има корист?) го барале мотивот за некоја акција и според тој кој имал мотив утврдувале кој стои зад акцијата, без оглед дали таа акција е некакво кривично дело или обид за нечиј прогон и замолкнување.

Кој има мотив, кој има корист од тоа Зоран Заев да се замолкне? Кој има мотив да не се објавуваат аудио разговори? Само оној кој сака народот да не е свесен дека некој го прислушува.

Хммм…

Арсов Тале – адвокат