Saturday, May 24, 2025
11.8 C
Skopje

СЕ УШТЕ СЕ ЧЕКА ДА СЕ РАСКИНАТ КОНЦЕСИИТЕ ЗА МАЛИТЕ ХИДРОЦЕНТРАЛИ ВО МАВРОВО И ШАР ПЛАНИНА

Министерството за животна средина и просторно планирање во моментов има склучено договори за концесија за изградба на 42 мали хидроцентрали. Раскинувањето на договорите за концесија на малите хидроцентрали Жировничка 5 и 6 во Националниот парк „Маврово“ сѐ уште не е завршен, а за Рибничка не е ниту почнат.

Управата на Националниот парк „Шар Планина“ побарал одземање на концесиите за Пена 84 и 85, но постапката пред да почне ќе треба да се разгледува во Владата. Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во моментов има склучено договори за концесија за изградба на 42 мали хидроцентрали, од кои во заштитени подрачја во моментов се гради само една, Караниколос 80, која е лоцирана во зона на одржливо користење на Шар Планина. Од министерството велат дека во текот на минатата година не е спроведена постапка за ниту една нова концесија за мала хидроцентрала.

„Преку МЖСПП, во национални паркови досега во целост не е изградена ниту една мала хидроцентрала. Во фаза на градба е Караниколос 80 на Шар Планина. Во рамки на национални паркови засега се предвидени пет централи, од кои за две Жировница 5 и 6 се води постапка за раскинување на договорот, за Пена 84 и Пена 85 се разгледуваат доставените предлози, а за Рибничка 7, лоцирана во Маврово се разгледува предлог за дислокација“, информираат во министерството.

И покрај тоа што постапката за раскинување на концесиите на Жировничка 5 и 6 е започната пред неколку години, во министерството велат дека преговорите за овие два енергетски објекти сѐ уште не се завршени. Тоа не е случај и за третата мала хидроцентрала Рибничка, која е зацртана во рамките на заштитеното подрачје на паркот.

За неа, и покрај препораките на Бернската Конвенција и апелите на екологистите и јавноста да не се гради, нема постапка за раскинување на договорот. Напротив, во министерството велат дека е поднесен е предлог за измена на техничкото решение со што објектите на Рибничка би биле на друга локација. Намерата е да се премести од зоната на строга заштита во зона на одржливо користење, но и во тој случај би била во рамките на паркот.

„Предлогот е доставен до изготвувачите на Студијата за ревалоризација и до управата на националниот парк, од каде треба да се добијат податоци во која зона ќе бидат лоцирани објектите“, велат во министерството. Оттаму посочуваат дека за Пена 84 и 85 во Националниот парк „Шар Планина“ од управата на паркот е доставено е барање за одземање на концесиите, додека концесионерот побарал за спогодбено раскинување на договорот со оглед на тоа што им е оневозможен пристап на терен. Во моментов за случајот се подготвува информација која треба да се разгледува во Владата.

Отпор кон изградба на мали хидроцентрали имаше и за локации надвор од заштитени подрачја, како за двете на реката Дошница на Кожуф. И покрај негодувањето и протестите на локалното население и екологистите, од Министерството велат дека за тие веќе се склучени договорите за концесија. „За двете мали хидроелектрични централи на Дошница, Папрад и Баров Дол е склучен договор за концесија, според кој концесионерот има обврска да постапува во согласност со издадените дозволи и елаборатите за заштита на животната средина“, велат во министерството.

Извор: Новинска агенција МЕТА

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

В СРЕДА ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРЕДЛОГОТ СЛАВЕСКИ ДА БИДЕ НОВ ГУВЕРНЕР

Собранието за среда, 28 мај, ја закажа седницата на...

ТАРАВАРИ: ВРАТАТА ЗА ТИЕ ШТО ЗАМИНАА ЗАСЕКОГАШ Е ЗАТВОРЕНА, ТИЕ СЕКОГАШ БЕА САТЕЛИТИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ