Се урна потпорен ѕид во Шипковица, сообраќајот во прекин

0
721

tetovo-rascistuvanje

Десеттина метри должина и околу 6 метри висина од потпорен ѕид се урнал и го прекинал сообраќајот од Шипковица кон Бродец, Вешала и Бозовце, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите информации, до уривањето на делот од ѕидот што бил долг околу дваесеттина метри дошло нешто по еден часот по полноќ и при тоа нема повредени лица, ниту оштетени возила.

За настанот, информира Јосифовски, биле известени локалната самоуправа во Тетово и другите институции кои треба да реагираат и да го остранат материјалот што го попречува сообраќајот.