Thursday, January 16, 2025
1.8 C
Skopje

СЕ УРНА ЗГРАДА ВО ХАГ, ЗАГИНА ЕДНО ЛИЦЕ, ТРИ СЕ ПОВРЕДЕНИ

Утринава зграда се урна во Хаг, Холандија, на што претходела експлозија и пожар. Загина едно лице, три се повредени, а неколкумина се водат како исчезнати, изјави градоначалникот на градот Јан ван Занен.

На прес-конференција, тој посочи дека исчезнатите се веројатно затрупани под урнатините.

– Шансите да ги пронајдеме живи се многу мали, рече градоначалникот.

Причината за несреќата, која се случила околу 6 часот утрово по локално време, засега не е позната. Според првичните информации, се слушнала помала експлозија, по што следела поголема.

Полицијата апелира до сите што забележале сомнителни активности или имаат видео-снимки од местото на несреќата, да се јават со информации.

ОВАА НЕДЕЛА

БУГАРИЈА КОНЕЧНО ДОБИ РЕДОВНА ВЛАДА, ПРЕМИЕР Е РОСЕН ЖЕЉАЗКОВ

По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади,...

ТРИПУНОВСКИ ОД БЕРЛИН : РАБОТИМЕ СО ЈАСНА ВИЗИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ВИСОКОКВАЛИТЕТНО ФЛАШИРАНО ВИНО

Вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ