СЕ СЛУЧИЛ ИНЦИДЕНТ ВО ТВ АЛФА : МИНИСТЕРОТ БЕКИМ САЛИ БИЛ ОСТАВЕН ДА ЧЕКА 30 МИНУТИ ЗА ИНТЕРВЈУ, ПА РЕШИЛ ДА СИ ЗАМИНЕ

0
1541

Извори во телевизијата велат дека Сали имал закажано интервју во „Заспиј ако можеш“, коешто требало да биде снимено во 20 часот, а да биде емитувано вечерва во 22.30 часот. Министерот, согласно со договорот со неговиот кабинет и новинарската екипа на „Заспиј ако можеш“ , бил пречекан од новинари на Алфа ТВ во 19.30 часот, но во 19.45, наводно навреден од односот кон него, си заминал пред да се сними интервјуто.

Мактел дознава дека министерот чекал 30 минути по што решил да си замине со изговор дека има многу работни ангажмани не било професионално толку да се чека за тв интервју.