Monday, March 24, 2025
7.8 C
Skopje

Се радикализира штрајкот на рударите, од утре протест пред Добрево и Тораница

1199171

Деветстотини рудари од Добрево и Тораница од утре стапуваат во генерален штрајк пред управната зграда во Пробиштип. Штрајкот е радикализиран откако вчера истече рокот за исплата на платата за август кој рударите и го дадоа на компанијата, пренесе 24 Вести.

Синдикалниот одбор на Добрево за 24 Вести вели дека нема да се вратат во јамите се додека не се исполнат нивните барања.

„Очекуваме и бараме да се исплатат заостанатите плати и придонеси за рударите да бидат доплатени и придонесите за последните 5 месеци. Нема да се спуштиме во јамите се додека не ни обезбедат нормални услови за работа, а тоа е заштитна опрема, вода и струја“, велат од синдикалниот одбор на рудникот Добрево.

Наместо решение, состојбата станува се посложена. Се побара и помош од Владата.

Рудниците за олово и цинк кои се наоѓаат во Пробиштип и Крива Паланка ги раководи индиската фирма Индо Минерали.

Од минатата недела рудниците се без струја и вода, бидејќи индиските газди не ги платиле сметките кои според синдикалците веќе се со милионски суми.

Поради немање на соодветна опрема, пред еден месец Индо Минерали заработи и казна од Инспекторатот за труд. Во двата рудника работат околу 1000 рудари.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОПОВ НА РЕВИЈАЛЕН МЕЧ ВО ХЕРЕНВЕН ОДДАДЕ ПОЧИТ ЗА АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ И КОЧАНИ

Горан Попов играше на ревијален натпревар во чест на...

ВОДОПАДИТЕ НА НИЈАГАРА СО БОИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Вечерва во 21:00 часот по средноевропско време, Нијагарините водопади...

ЗА УТРЕ И В ПОНЕДЕЛНИК ВО СКОПЈЕ ЗАКАЖАНИ ТРИ СОБИРИ ЗА КОЧАНСКАТА ТРАГЕДИЈА

Студентски собир, студентски пленум и граѓански марш – во...

ТАРАВАРИ: СИТЕ ПАЦИЕНТИ ВО МАКЕДОНСКИТЕ БОЛНИЦИ СЕ ДО ДОБРА И СТАБИЛНА СОСТОЈБА

Се планира девет пациенти да бидат испишани на почетокот...

ПЕТ ПОВРЕДЕНИ ОД КОЧАНИ СЕ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА, ВЕЛИ ТАРАВАРИ

Подготвен е протокол според кој идната недела ќе бидат...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ