Се работи на продолжение на „Top Gun“

0
654

Сите фанови на филмскиот хит од 80-тите, „Top Gun“, никогаш не добија продолжение, иако филмот имаше потенцијал за тоа. Според најновата вест што ја пренесува Variety, веќе се работи на Top Gun 2 и Том Круз се планира да се врати во улогата на пилотот Маверик.

Извршните директори на Skydance, продукцијата зад филмот, изјавија дека веќе се пишува сценарио за продолжение на пилотската авантура што ќе биде модерн воен филм и најдоброто од 80-тите години во едно.

why-youre-wrong-about-top-gun-video-essay

Во однос на тоа дали Том Круз ќе глуми во продолжението изјавија:

„Има одлична улога на Маверик во филмот и не може да има „Top Gun“ без Маверик. Така што Маверик ќе биде Маверик“.

Не најавија кога конкретно ќе почне да се снима, но ќе биде веднаш откако сценариото ќе биде напишано.

„Top Gun“ режиран од сега покојниот режисер Тони Скот, излезе во 1986 година. Главните улоги ги толкуваа Том Круз, Тим Робинс, Вал Килмер, Кели МекГилис и други.

fdsdsgsgd

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=58QOBqAWNzE#t=16[/youtube]