Се продава ли синтетички мед во Струга и Охрид кој е штетен по здравјето на луѓето од страна на пчеларското здружение ,,Охрид”?!

0
1141

Група граѓани го обвинуваат пчеларското здружението Охрид и неговите вработени за продавање на синтетички мед кој е штетен по здравјето на луѓето и дека тоа пчеларско здружение  фукционирало како “Чадор” Организација.

Од група граѓани се бара одговорните во ова “здружение” во оптек на пазарите во Охрид и Струга, како и покрај Дрим, да не го продаваат овој мед кој е штетен по здравјето на луѓето.

Исто така во писмената реакција се вели дека медот се преработува со додавање на супстанци кои од еден килограм мед го прават од 6 до 8 килограми преработен мед.

Веќе трета година од преголеми загуби пчелите не даваат мед, не само во југозападна Македонија, туку и во светски рамки, а одговорните на здружението продаваат мед по пазарите. Луѓето кои купуваат мед во Охрид и Струга, бараат и плаќаат за природен, а добиваат синтетички. Како напомена во Охридско-Струшкото поднебје треба да излезе инспекцијата за храна и на лице место да ја провери ситуацијата и таквиот штетен мед да се отстрани од пазарот, а прекршителите да бидат соодветно казнети. – се вели во писмената реакција на група измамени граѓани.