Во текот на ноќта, брод со мигранти, кои се обиделе да ја преминат реката од Србија кон Босна и Херцеговина, се превртел на Дрина, изјави на 22 август српскиот министер за полиција Ивица Дачиќ.
„Утринава, околу 5 часот, Граничната полиција на Љубови била известена од Граничните власти на Босна и Херцеговина, како и од жител, дека чамец со мигранти, кои се обиделе да ја преминат реката од Србија меѓу Дрлача во општина Љубовија и Орлице во општина Зворник“ се преврте во текот на ноќта на Дрина, изјави Дачиќ.
Веднаш по пријавата, на местото на настанот се испратени припадници на полицијата и на Одделот за вонредни состојби, а во моментов интензивно се трага по реката и крајбрежјето.
Според мигрантите кои стигнале до брегот, во чамецот имало околу 25 лица, а полицијата и пожарникарите-спасувачи на брегот пронашле 18 лица, од кои три деца, додаде министерот.
„Во потрагата покрај припадниците на Полициската станица Љубовија и Одделението за вонредни состојби, учествуваат и припадници на Граничната полициска станица Љубовија и Регионалниот граничен полициски центар за Босна и Херцеговина, а се очекува да стигнат и припадници на Нуркачката единица на Жандармеријата на Србија за да се најдат други нерегуларни мигранти“, рече Дачиќ.
Србија е дел од „балканската рута“ преку која минуваат мигрантите на пат кон Западна Европа.