Се прават притисоци за да се реализира „патриотскиот“ договор на Грујо со Али за амнестија на Хашките случаи

0
586

Денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев, на прес конференција објави разговор меѓу Гордана Јанкулоска и генералниот секретар Кирил Божиновски за Хашките случаи.

kiril-bozinovski-jankuloska

Јанкуловска, вели Заев кажува дека целиот процес за амнестија на Хашките случаи емачен, тежок, напорен, ама се тоа се заборава, на крај останува кој го пуштил писмото. И затоа се заговара писмото да го напише Адеми од ДУИ.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Кирил Божиновски 

КБ: Ало?

ГЈ: Ало, секретаре шо праиш?

КБ: Еве шефице работно, ти?

ГЈ: Еве јас се прибрав у МВР малку, да ти кажам, за промена. Ха ха ха.

КБ: Ха ха ха.

ГЈ: Да видам и овде што се праи.

КБ: Да, да.

ГЈ: Ништо бе сакав да те препрашам за она сега, Билјана ќе ти го пушти директно на тебе или како ќе направи со…

КБ: Рече ќе го пушти на мене, паралелно и на тебе…

ГЈ: Важи, јас ќе го видам на мејл, па нешто ако

КБ: …да дадеш зелено светло, ако нешто треба да искорегира, па финално ќе му го однесам на шефот.

ГЈ: Да бе да, и он да го види обавезно, пошто знаеш многу е политички осетлива оваа тема.

КБ: Сензитивна е, сензитивна.

ГЈ: Да, да.

КБ: Јас 100 пати и нагласив максимално округло па на ќош, знаеш со цитати на закони.

ГЈ: Па јас и реков: пиши нешто, ништо да не значи. Мислам зборев и со шефот на телефон, и викам, вика: да знаете, буквало употребив термин, Билјана пиши нешто, никој да не го разбере.

КБ: Е тоа е, тоа е, тоа.

ГЈ: Тоа е.

КБ: Да не знаат што да прават со него, тоа е.

ГЈ: Види, они нека прават. Они знаат што треба да праат, ама нека праат они.

КБ: Да де, од нашево да не произлегува.

ГЈ: Да, да. Оти пак, некој знаеш, треба да го потпише.

КБ: Е сега тоа. Мене Васко ми вика, те молам да не овакво…дај му го на Адеми.

ГЈ: Па ако де, нека си го потпише Адеми.

КБ: Ама ако го направиме ние такво целото мутаво, он нема да го потпише. Ќе рече: што е ова бе…Така да, да не се зафркнеме. Зборев и со шефот, вика – ептен ако е такво, да го убедиме некако Васко. Ќе видам ја некако…

ГЈ: Ајде види ти таму.

КБ: Ха ха ха.

ГЈ: Оти знам, мислам многу е целиов процес мачен, тежок, напорен…ама се тоа се заборава, на крај останува кој го пуштил писмото.

КБ: Е да.

ГЈ: Знаеш, мислам ја цело време еве збориме ми се свиѓа-не ми се свиѓа нешто, тоа си е више мој личен проблем, ама утре-задутре писмото се гледа.

КБ: Мхм.

ГЈ: Знаеш…јас целосно го разбирам Васко, и секого што би се нашол во таа улога.

КБ: Да.

ГЈ: Ајде, нешто ќе правиме…ќе правиме притисоци…ха ха ха ха.

КБ: Добро, ај да го добиеме прво, па ќе пресечеме.

ГЈ: Важи, важи, Кире да го добиеме, па пак ќе се консултираме.

КБ: Важи, важи.