Откако Вучиќ и Мицкоски ги посетија повредените од пожарот во Кочани, на социјалните мрежи се појави видео од Дејвид Камерон, кој во 2011 година се обидел да посети пациенти на одделение за интензивна нега.
При обидот за посета, кога Камерон влегува во одделението, се појавува шефот на одделение, кој го избрка Камерон од болницата и тоа пред камери.
Видеото го сподели Никола Димитров со коментар „не за џабе рекле, ако имаш интегритет ништо друго не е важно. Ако немаш интегритет, ништо друго не е важно“, напиша тој.