Saturday, May 24, 2025
11.8 C
Skopje

СЕ ПОЈАВИ БЛАГОДАТНИОТ ОГАН ВО ЕРУСАЛИМ И СЕ СПУШТИ ВО КУВКУЛИЈАТА – СПОРЕД ЦРКОВНИТЕ ПРЕДАНИЈА, ТАМУ БИЛ ПОГРЕБАН ИСУС ХРИСТОС

По спуштањето на огнот, патријархот излегува од кувуклијата и им го предава светиот дар на собраните верници. Вообичаено во Црквата на Светиот гроб и во нејзина близина во Ерусалим, на овој ден се собираат илјадници верници, кои по преземањето на Благодатниот оган од рацете на ерусалимскиот патријарх, го пренесуваат понатаму. Во Храмот на Светиот гроб во Ерусалим и денеска се појави Благодатниот оган, едно од чудата во православието што секоја година се случува на Велика сабота пред Воскресението Христово – Велигден, јави Ортодокс тајмс.

Благодатниот оган се спушти во кувуклијата – параклисот над Светиот гроб, каде што според црковните преданија, бил погребан Исус Христос, откако православниот ерусалимски патријарх Теофил III влезе да се помоли. На спуштањето на огнот му претходи сложен чин: вратата на кувуклијата е запечатена со голем восочен печат како знак дека нејзиното детално прегледување е завршено и дека внатре не е пронајдено ништо што би можело да му послужи на ерусалимскиот патријарх на каков било начин да запали оган.

Непосредно пред влегувањето на патријархот, печатот се отстранува и се внесуваат голем свеќник и 33 свеќи. Патријархот и присутните верници во храмот потоа непрекинато се молат за појавување на Благодатниот оган. По спуштањето на огнот, патријархот излегува од кувуклијата и им го предава светиот дар на собраните верници. Вообичаено во Црквата на Светиот гроб и во нејзина близина во Ерусалим, на овој ден се собираат илјадници верници, кои по преземањето на Благодатниот оган од рацете на ерусалимскиот патријарх, го пренесуваат понатаму. Претставници на помесните православни цркви ќе го преземат Благодатниот оган од аеродромот во Тел Авив и ќе го пренесат во своите земји.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

В СРЕДА ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРЕДЛОГОТ СЛАВЕСКИ ДА БИДЕ НОВ ГУВЕРНЕР

Собранието за среда, 28 мај, ја закажа седницата на...

ТАРАВАРИ: ВРАТАТА ЗА ТИЕ ШТО ЗАМИНАА ЗАСЕКОГАШ Е ЗАТВОРЕНА, ТИЕ СЕКОГАШ БЕА САТЕЛИТИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ