Wednesday, May 14, 2025
10.4 C
Skopje

СЕ ПОЧЕСТИ ПРИЈАВИ ЗА ПОЈАВА НА ЗМИИ ВО СКОПЈЕ

пријавуваат појава на змии во нивните дворови и на јавни површини. Граѓаните од населбата Карпош беа особено вознемирени откако една змија беше фотографирана на тераса на стан во овој дел од градот.

Скопје, за жал, во последниве недели се претвори во вистински змијарник. На секој чекор може да се забележи неискосена трева која достигнува и до половина метар височина. Ваквите запуштени зелени површини се идеален дом за змиите и другите влекачи, кои наоѓаат совршено место за криење и размножување.

-Градот буквално личи на една голема дива ливада. Не се сеќавам кога последен пат видов косачи на трева во нашата населба”, вели жителка на Карпош 3. „Се плашиме да ги пуштиме децата да играат во парковите бидејќи никогаш не знаеме што може да се крие во високата трева.

Многу скопјани изразуваат револт поради неодржувањето на зелените површини во градот. Тие истакнуваат дека плаќаат комунални давачки, но не добиваат соодветни услуги за возврат.

-Како да живееме во напуштен град. Секаде е неискосено, неуредно, а сега и змии ни се појавуваат на терасите. Градскиот змијарник наместо метропола, со огорченост коментира жител од населбата Аеродром.

Стручњаците предупредуваат дека високата и густа трева во урбаните средини не само што е проблем од естетска природа, туку и сериозен безбедносен ризик поради привлекувањето на разни видови влекачи и инсекти.

Извор : Скопско Ехо

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

НОВИОТ ХИБРИДЕН ФИАТ 500 СЕ ОЧЕКУВА КОН ЗАВРШЕТОКОТ НА ГОДИНАТА

Градското мини со благ хибриден погон ќе се произведува...

ЕЛЕКТРИЧНОТО „FERRARI“ НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕ ОВАА ГОДИНА

„Ferrari“ нè наведе да веруваме дека ќе го претстави...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ