Thursday, January 23, 2025
2.8 C
Skopje

СЕ ПОДГОТВУВА ЛИ ЗА ВОЈНА ШВЕДСКА? СЕ ГРАДАТ ОГРОМНИ ГРОБНИЦИ И КРЕМАТОРИУМИ, СЕ ПЛАШАТ ДА НЕ УМРАТ ПОЛОВИНА МИЛИОНИ ЛУЃЕ?

Во повеќето шведски општини, шведската црква е одговорна за организирање на погребите, додека во Стокхолм тоа е одговорност на општинските служби. Градските власти тврдат дека на гробиштата имаат доволно простор за сите загинати во војната.

Во ноември, повеќе од пет милиони шведски домови добија брошура со наслов „Ако се случи криза или војна“, која нуди детални совети како да ги подготват своите домаќинства за воена состојба, пандемија, екстремни временски услови и сеопфатен сајбер напад што би ги нарушиле основните функции на општеството.

Иако слични брошури беа печатени и дистрибуирани неколку пати по Втората светска војна, многумина во Шведска и во странство последното издание практично го гледаа како објава на војна на Русија.

Подготвуваат гробници

Пред неколку дена шведските власти, конкретно Агенцијата за социјална самозаштита и подготвеност (МСБ), објавија дека подготвуваат гробишта и крематориуми во поголемите градови за огромен број жртви. Тие пресметуваат дека во случај на војна, слична на онаа што ја погоди Украина, би можеле да загинат до половина милион Швеѓани.

Како што објави „Афтонбладет“, МСБ пресметува дека во случај на војна, слична на онаа што ја погоди Украина, би можеле да загинат до 500.000 жители на Шведска. Поради ваквата мрачна прогноза, се очекува градовите да одредат области за масовни погребувања во релативно краток временски период.

Бројката од половина милион потенцијални жртви не е произволна, туку резултат на анализа на МСБ и шведските вооружени сили дека катастрофална и сеопфатна војна може да предизвика смрт на околу пет отсто од вкупното население од 10,5 милиони.

Крематориумите зависат од струја и гас, а во време на војна може да има недостиг на енергија. Затоа мораме да имаме план Б, односно класични погребувања во ковчези, што бара многу повеќе простор – објасни за „Афтонбладет“ Јан-Олоф Олсон од МСБ и додаде:

Плановите ги земаат предвид и загубите во единиците на нашите НАТО сојузници, како и загинатите непријателски војници. На сите треба да им се даде достоинствено испраќање, ковчези, превоз до нивните матични земји.

„Многу луѓе ќе умрат“

Во повеќето шведски општини, шведската црква е одговорна за организирање на погребите, додека во Стокхолм тоа е одговорност на општинските служби. Градските власти тврдат дека на гробиштата имаат доволно простор за сите загинати во војната.

Од очигледни причини не сакам да откривам детали за нашите воени планови, но планиравме погребни места на најголемите градски гробишта. Јасно е дека многу луѓе ќе умрат ако Стокхолм биде нападнат како украинските градови – изјави директорот на гробиштата во Стокхолм, Свант Борг, и нагласи дека е важно да се осигура дека кремирањето може да продолжи и во време на криза.

„Не можеме да ги затвориме очите пред реалноста“

Во Гетеборг пресметале дека околу 10 хектари земја, што одговара на површина од 20 фудбалски игралишта, ќе бидат потребни за погребување на околу 30.000 загинати жители на градот.

Разбирливо е дека ваквите планови предизвикуваат загриженост и вознемиреност кај граѓаните кои се сомневаат дека државните органи знаат нешто повеќе отколку што се подготвени да им пренесат на јавноста.

ОВАА НЕДЕЛА

ТОШКОВСКИ: НЕМАМЕ ОФИЦИЈАЛНА ИНФОРМАЦИЈА КАДЕ Е ГРУБИ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување во...

ПОРАДИ ТЕШКА И ВЕРИЖНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ЗАТВОРЕНА Е СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА

Поради сообраќајна несреќа пред исклучувањето за Смилковци кон Стајковци,...

ТРАМП ГО ПОМИЛУВА ОСНОВАЧОТ НА ВЕБ-СТРАНИЦАТА ЗА ПРОДАЖБА НА ДРОГА „СИЛК РОУД“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го помилувал...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ