СЕ ОГЛАСИ И ЕЛЕМ ЗА СИНОТ НА ,,МИРА ДИЗЕЛ” : Синот на Мира Дизел, Виктор Дизел Џуниор ги има сите критериуми за работа во ЕЛЕМ, ДРУГИТЕ КАНДИДАТИ БЕА ЛЕПРОЗНИ!

0
2594

АД ЕЛЕМ го потврди вработувањето на синот на пратеничката од редовите на владеачкото мнозинство во Собранието, Мира Стојчевска.

Станува збор за Виктор Стојчевски, а според Електрани на Македонија, тој е примен на работното место затоа што ги исполнил бараните услови на конкурсот.

 „Виктор Стојчевски е примен во редовен работен однос во компанијата по претходно објавен оглас за вработување. За работното место за кое конкурирал, наведениот ги исполнувал сите критериуми наведени во огласот. Комисијата одлучила почитувајќи ги сите законски одредби”, соопшти АД ЕЛЕМ.
Засега дискутабилни за јавноста како нововработени во АД ЕЛЕМ се ќерката на собранискиот спикер Талат Џафери и синот на Мирослав Грчев, истакнат член на СДСМ.

Инаку Стојчевска од претходно и е позната на јавноста и по големите исплати за патни трошоци од страна на Собранието.