ВМРО-ДПМНЕ изразува најдлабоко сочувство за трагичната сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова.
-
Американски медиуми: Контролната кула во Вашингтон немаше доволно персонал во моментот на авионската несреќа
-
Новата студија откри: Не само мажите, туку и жените сакаат помлади партнери, еве зошто нѐ привлекуваат
-
Моќната Франција елиминирана, Хрватска е првиот финалист на Светското првенство!
„Бараме најостра санкција за возачот од страна на Јавното обвинителство и судот. Наместо декларативни казни, неопходни се суштински мерки што ќе делуваат превентивно за секој што ќе се осмели да управува возило без возачка дозвола, под дејство на алкохол или во намалена свесност. Казната во овој случај мора да биде најстрога, за да се испрати јасна порака дека никој не смее да си игра со законот“, велат од владејачката партија.
Оттаму додаваат дека случајот ќе биде под будно око на јавноста и на партијата, апелирајќи до институциите да постапуваат исклучиво според законските прописи.
„Ги повикуваме сите граѓани да останат обединети во оваа трагична ситуација. Нашата заедничка цел треба да биде обезбедување на безбедни улици и почитување на законите. Апелираме до сите политички субјекти и јавни личности да се воздржат од користење на оваа трагедија за сопствени интереси и да се фокусираат на поддршка на семејството на починатата, како и на иницијативи што ќе придонесат за зголемување на безбедноста во сообраќајот“,
Трагичната судбина на Фросина Кулакова треба да биде поттик за сериозни промени во системот со цел зголемување на безбедноста и одговорноста во општеството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.