Се меша ли Косово во македонски работи? Харадинај побара меѓународна истрага за „Диво насеље“

0
845

Претседателот на Владата на Косово, Рамуш Харадинај, побара меѓународна истрага за настаните во кумановско Диво насеље во својата официјална реакција по пресудите од Кривичниот суд во Скопје за 37. лица обвинети за тероризам.
„Со големо внимание и претпазливост го следевме процесот по трагичните настани во Куманово во 2015 година и казните изречени од страна на Судот во Скопје. Правдата мора да биде задоволена, почнувајќи од целосното раветлување на настанот воо сите негови димензии. Меѓународна истрага би помогнала за целосно откривање на вистината, кон која сите ние се стремиме“, стои во соопштението од кабинетот на косовскиот премиер.
Истовремено, министерот за надворешни работи Беџет Пацоли го повика на консултации косовскиот амбасадор во Скопје, Илбер Хиса, а за ова прашање побара објаснување и од македонскиот амбасадор во Приштина, Илија Страшевски.