СЕ ЗАКАНИЈА СО ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДАТА – ЕЛИТНИТЕ СПОНЗОРУШИ ДАДОА УЛТИМАТУМ КАМЧЕВ ДА БИДЕ ПУШТЕН ДО КРАЈ НА АВГУСТ ИЛИ ВЛАДАТА ДА ИМ ПОМОГНЕ СО ВАУЧЕРИ ЗА ШОПИНГ ВО СОЛУН И ОДМОР НА МИКОНОС

0
2206

ПА ТРЕБА ЛИ И НИЕ ДА ОДИМЕ НА ОДМОР И НА ШОПИНГ ИЛИ НИЕ НЕ СМЕ ОД КРВ И МЕСО?!?! – порачаа елитните спонзоруши во групата СЛОБОДА ЗА ЈОРДАН КАМЧЕВ.

– ИЛИ ВЛАДАТА ДА ГО ПУШТИ КАМЧЕВ ДО КРАЈ НА АВГУСТ ЗА ДА ФАТИМЕ НЕКОЈ ОД ЛАСТ МИНУТ АРАНЖМАНИТЕ НА МИКОНОС И РОДОС И БАШКА ТАМАН ТОГАШ Е ГОЛЕМИОТ ПОПУСТ ВО КОСМОС ВО СОЛУН, ИЛИ ВЛАДАТА НЕКА НЕ ОБЕШТЕТИ СО ВАУЧЕРИ, ЗА ПОЧЕТОК НЕКА ПОЧНАТ СО 10 000е, ПА ПОНАТАМУ ЌЕ СЕ ДОГОВОРИМЕ… – велат во групата.

– ИЛИ ПА ЌЕ СЕ СОБЕРЕМЕ СИТЕ ШТО НЕ ИМА СО СЕ НОВИНАРСКИТЕ СЛУГИ НА КАМЧЕВ И ЌЕ ПРОТЕСТИРАМЕ ПРЕД ВЛАДА СИТЕ ОКОЛУ 200 ШТО СМЕ НА БРОЈ… – велат добро познатите елитни курви.

Во владата спремаат ребаланс на буџетот по повод ова прашање, се планира и нова транша од Светска Банка и ММФ.

Инаку елитните спонзоруши се жалат дека ги спопаднало многу тешко време, прво го затворија Мијалков, па рокна банката на Трики за сега врв на се да биде затворањето на Камчев, загрижени се дека ќе мора да работат, што е за нив вистински кошмар… Затоа речиси сите аплицирале за работа во Дубаи, значи сепак имало спас…

Поради оваа криза многу се погодени салоните за убавина, фризерите и шминкерите, кафичите, елитните бутици во земјава а дознаваме дека и Космос во Солун имал пад од 10% на прометот…

(Оваа вест е сатира, но не е далеку од вистината, ама сепак е сатира, шега, пародија)