Се гради локален пат на планината Плачковица за развој на планинскиот туризам

0
1049

Почна изградбата на локалниот пат на планината Плачковица од хотелот „Бел камен“ до кампинг населбата „Добра“ во должина од 2,1 килиметри, со ширина на асфалтот од 5 метри, информира градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.

Според него со изградбата на овој патен правец ќе се овозможи пристап до викенд населбата во текот на целата година.

-И во најекстремни услови во зимата преку овој патен правец ќе може да се стигне до кампинг населбата „Добра“. Со тоа создаваме услови за натамошен развој на туризмот и на оваа кампинг населба, рече градоначалникот Конзулов.

Изградбата на овој патен правец чини 16,5 милиони денари, а инвестицијата е обезбедена преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој