15-годишно девојче од Скопје, чијашто мајка вчера го пријавила како исчезнато, се вратило дома, соопшти МВР.
„На 04.03.2025 во 14:30 часот во Полициската станица Бит-пазар, М.А.(50) од Скопје пријавила дека дома се вратила нејзината ќерка М.А.(15) од Скопје, информираат од МВР. За неа на 12.02.2025 беше пријавено дека се оддалечила од домот“, пишува во полициското соопштение.