Сестрата на повреденото момче: Урко беше цела ноќ со нас во болница

0
1405

22 годишно момче од скопски Сингелич се бори за живот по сообраќајната несреќа ноќеска кај Рампа во Кисела Вода.

Со возилото марка БМВ кое му го пресекло патот на мотоциклистот,  управувал Дејан Митровски – Урко, поранешниот телохранител на Никола Груевски. Од градската болница Наум Охридски велат дека момчето било донесено со тешки телесни повреди и сега дише со помош на апарати.
– Контактиравме со возачот на бмв-то, дојде и овде во болницата уште ноќеска беше цела вечер овде се грижи, постојано се јавува, вели за 24 вести сестрата на 22 годишното повредено момче.
Митровски не одговори на нашите повици. Според семејството на повреденото момче, тој бил свесен дека му го пресекол патот на мотоциклистот. Очевидци тврдат дека Митровски бил паркиран спроти казиното и при вртење полукружно го удрил 22 годишниот скопјанец на мотор. Искршеното стакло на месарницата денеска беше сведок за стравичната несреќа.
По ударот момчето се одбило од билбордот, а неговиот мотор завршил во излогот.  Но официјално по извршениот увид МВР не соопштува кои се причините за несреќата.
„Во моментов надлежниот обвинител ги очекува записниците, резултатите од направените анализи од крв и урина од учесниците во сообраќајната несреќа, скиците и фотодокументацијата од терен. Од овие резултати ќе зависи натамошниот тек на постапката.
Извор: 24вести