СЕРВИСИРАЛЕ ГУМА ПА ЗАВРШИЛЕ НА БОЛНИЦА

0
208

Во ОВР Неготино вчера било пријавено дека во дворот од семејната куќа на Ф.Д. (22) од Неготино, додека тој и В.Р. (24) од село Тимјаник, неготинско, сервисирале камионска гума, дошло до експлозија на гумата, при што двајцата добиле тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино.