СЕПАК ГРУЈО ПРВ ПРИМИО КУРЦА : Му носи ли Курц порака на Груевски да ја спаси ВМРО-ДПМНЕ со оставка од лидерската позиција?!

0
1766

Себастијан Курц – министер за надворешни работи на Австрија и претседавач со ОБСЕ, официјално, според најавата, во недела доаѓа во Скопје на средба со министерот Поповски за да ја посети македонско-грчката граница која е каналот за наплив на бегалци од Сирија во западните земји.

Тоа е официјалната најава за посетата на Курц кој е добар пријател со функционерите од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи и тој и тие припаѓаат на сестрински партии.

 Курц во тоа својство дојде и зборуваше и на предизборниот митинг на партијата на Груевски во Скопје, чекор кој предизвика полемики дека ја злоупотребува министерската позиција за да им помогне на ВМРО-ДПМНЕ на исходот од престојните избори.

Овој пат, според дипломатски извори, Курц покрај посетата на границата во Скопје доаѓал со порака лично до Груевски од име на европските десни партии – народњаците во кои е и ВМРО-ДПМНЕ.

Курц ќе му ја пренесе пораката на Груевски од европските сестрински партии дека треба да се повлече од лидерската функција за да ја спаси ВМРО ДПМНЕ од евентуални поделби и тонење.

Извор : Либертас