Американскиот сенатор Линдзи Грем од Јужна Каролина, кој важи за еден од најголемите поддржувачи на краина, го осуди “непочитувањето” и однесувањето на украинскиот претседател Володмир Зеленски за време состанокот со Доналд Трамп и Џејмс Венс.
Грем го нарече состанокот во Белата Куќа “потполно фијаско”, додавајќи на тоа дека “никогаш како до сега не се гордеел” со Доналд Трамп.
Грем пред Западното крило за новинарите изјави ,,Зеленски го направи невозможното со што самиот себеси се продаде како добра инвестиција за политиките на САД”.
На прашање дали Зеленски треба да се повлече од мировните преговори, Грем кратко одговори:
“Зеленски треба да поднесе оставка или да испрати некој друг со кого можеме да соработуваме, или тој самиот да се промени, друга опција не постои”.
Грем во интервју за Фокс Њуз исто така го повика Зеленски да се “извини” на претседателот на САД, Доналд Трамп или да “прифати последици”
Она што посакувам од Зеленски е, претпоставувам, само да кажам:
“Оплескав многу работи за себе и за својата земја и за односите со САД и дека тоа мораав да го направам поново, би го направил тоа и на друг начин и жалам за сето тоа”.