СЕМЕЈСТВОТО ДЕСТАНИ И ОПШТИНА ПРИЛЕП ДЕНЕС ДОНИРАА 100 ТАБЛЕТ КОМПЈУТЕРИ ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНИ ОПШТИНСКИ УЧИЛИШТА

0
233

Општина Прилеп денеска ја започна распределбата на 100 таблет компјутери, донација наменета за ученици од основните општински училишта.

Станува збор за донација на тетовското семејство Дестани, реализирана преку компанијата „Еколог“. Таблет компјутерите ќе им бидат поделени на ученици чии семејства спаѓаат во социјално ранливите категории. 

Таблетите ќе бидат распределени во сите 7 основни училишта во градот како и во трите училишта во населените места Тополчани, Мало Коњари и Канатларци, согласно бројот на запишани ученици.

Рспределбата на таблет компјутерите се врши со примена на протоколите и препораките на Владата на Република Северна Македонија и Комисијата за заразни, за заштита од коронавирусот.