Sunday, May 25, 2025
10.8 C
Skopje

Села ја напушти градоначалничката функција

Градоначалникот на општина Струга Зијадин Села денеска поднесе оставка од функцијата, а за негов наследник го назначи Мустафа Забзун.

Градоначалничката функција, Села ќе ја замени со пратенички мандат кој му беше даден од граѓаните на предвремените Парламентарни избори што се одржаа на 11 декември.

На денешната седница на Совет, тој им се заблагодари на советниците за соработката и им ја соопшти одлуката за тоа кој ќе биде негов наследник.

– Од денес ќе имате нов градоначалник на Струга, кој според Законот ќе ме заменува мене, бидејќи јас ќе бидам пратеник. Дозволете ми да ви се заблагодарам на сите за соработката. Секогаш има подобро, сме можеле и подобро да направиме. Сме дебатирале на различни теми сме презентирале различни идеи, но сме немале моменти со лоши ситуации кои Советот може да го стават во незгодна позиција. Политичките интереси сме ги оставале и сме гласале за одлуки во интерес на граѓаните, рече Села.

Новиот градоначалник на Струга и досегашен советник од партијата на Села, Мустафа Забзун се заблагодари за укажаната доверба и вети дека ќе се потруди да биде успешен во интерес на граѓаните.

На градоначалничката функција Села дојде во 2013 година како кандидат на ДПА, но подоцна се отцепи од партијата и формираше нова политичка партија, Движење за реформи на ДПА.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

ПОВРЕДЕНА ЖЕНА ВО ШТИП ПРИ ЕКСПЛОЗИЈА ОД ПЛИНСКА БОЦА

Вчера во 11.43 часот во СВР Штип е пријавено...

КАЛАС: ВАЖНО Е МАКЕДОНИЈА ДА ОСТАНЕ НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ

Северна Македонија беше првата во регионот што потпиша партнерство...

В СРЕДА ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРЕДЛОГОТ СЛАВЕСКИ ДА БИДЕ НОВ ГУВЕРНЕР

Собранието за среда, 28 мај, ја закажа седницата на...

ТАРАВАРИ: ВРАТАТА ЗА ТИЕ ШТО ЗАМИНАА ЗАСЕКОГАШ Е ЗАТВОРЕНА, ТИЕ СЕКОГАШ БЕА САТЕЛИТИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ