Села и Гаши ја почнаа кампањата со слоган – Сега е време за промена кај Албанците

0
357

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива информира дека ја почна својата политичка кампања за предвремените парламентарни избори во земјава со мотото „Сега е време“.

„Дојдено е времето за демократија и кај Албанците. Сега е време за промена кај Албанците.

Сега е време за еднакви права, за еднакви инвестиции. Сега е време за правда која не ги бира граѓаните според етничка, политичка и верска припадност. Сега е време за квалитетно образование, за квалитетно здравје. Сега е време за држава за сите“, соопшти коалицијата предводена од лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.