Села ветува 500 милиони евра за албанските населби

0
365
Зијадин Села, лидер на Алијанса за Албанците и носител на пратеничката листа во шестата изборна единица, истакна дека во програмата „Држава за сите” се предвидени инвестиции од 500 милиони евра само за албанските населби.

-Ние ќе бидеме имиџ на политичарот кој ќе биде избран и го исполнува тоа што го ветува. Никој од нас нема да слушне празни зборови и големи позиции затоа што нашето политичко дејствување не е само за поединецот како индивидуа. Нашата политика е поврзана со проблемите, проблемите на Албанците, каде и да се. Во нашата програма ќе видите, предвидени се 500 милиони евра инвестиции за 4 години власт директно за ревитализација на албанските населби – порача Села.