СЕКУЛОВСКА: АПАСИЕВ Е ТРУЛЕЖ ОСТАНАТ ОД ГРУЕВИЗМОТ

0
1066

Пцуењето на новиот парламентарен пратеник Димитар Апасиев, упатено кон доскорешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, ја покажа сета сила на развојот и степенот на политичката мисла во оваа земја.

Политичката доблест, со пустошот на груевизмот стана покосена, не се ни замрзна, таа не ни преживеа кај новите политички татковци од Левица, таа стана застрашувачки тресок на говор на омраза, ниски страсти и недостаток на елементарен срам и базична култура на однесување.

Нема идеална држава, ниту идеални граѓани, колку и да е организирана совршено, колку и да се сонувало за решенија, оние кои Платон ги нудел, еднакво како и Аристотел. Но, маската на политичарот може лесно да биде проѕрена, таа маска лесно се наѕира, откако ќе ги соголи моралните квалитети и доблести на луѓето кои се занимаваат со политика, во име на високи цели- општото добро, пред се.

Ако се сетиме на Сократ, важно е да се запамети неговото форсирање на морален интелектуализам, иако тврдел дека “никој намерно ништо лошо не прави, и за да се знае што е добро, треба да резултира со добри дела”. Но, Протагора сметал дека “доблеста е вродена и е невозможно да се научи”.

Целата колумна на Биљана Секуловска за Нова ТВ на следниов ЛИНК.