СЕКС скандали го тресат Јавното обвинителство со кое раководи Марко Зврлевски

0
3047

Jaвното обвинителство со кое раководи Марко Зврлевски, деновиве е топ тема на озборување во судските институции, по љубовните скандали што се регистрирани во зградата покрај Вардар, популарно наречена „соковник“ поради нејзиниот куполест облик, пишува „Сведок“.

За што станува збор?

Јавен обвинител кој работи во зградата, во која се сместени Основното, Вишото и Јавното обвинителство бил пријавен за семејно насилство, откако ја нападнал физички неговата сопруга, која разбрала за љубовната врска на обвинителот со вработена во обвинителството кај Марко Зврлевски.
Сопругата на обвинителот барала одговори од него, а тој, заработил кривична пријава за семејно насилтво откако ја нападнал физички.

Обвинителот е од друг град, дојден на работа во Скопје, а набрзо по доаѓањето се зближил со соработничка на Зврлевски.

Извори од зградата на ЈОРМ откриваат дека на почеток им било чудно што бара вработената кај обвинителот, со кого не работеле заедно, но набрзо им станало јасно.

Но, по пријавата од сопругата, случајот стасал и до Зврлевски, кој сега е на мака, дали да го спасува обвинителот или вработената и што ќе прават со судската постапка.
Но, овој случај, не бил единствен. Колегите на Зврлевски објаснуваат дека додека тој се расшетува на Ромски балови, на спортски натпревари и на манифестации кои немаат допирни точки со неговата работа, новопримените службенички и блиски соработнички на Јавниот обвинител „хараат“ низ зградата.

Се уште се прераскажува случајот со друга соработничка на Зврлевски која се развела со сопругот и се омажила со важен човек заолжен за изградба на новата зграда. Според нив, честите надзори до каде е зградата си го направиле своето.

Овие два примери, сепак не се само личен избор на споменатите соработнички на Зврлевски, туку се граничат со конфликт на интереси и злоупотреба на службената положба, независно од чија страна потекнала „иницијативата“.

Посебно е интересен делот, дека токму во вакви соработнички Марко Зврлевски гледа нови јавни обвинителки и тоа, не основни туку на повисоки позиции, што секако се вклопува во принципте на конфликт на интереси.

Зградата на Јавното обвинителство која ја тресат љубовни афери се наоѓа на Кејот на Вардар, како дел од проектот „Скопје 2014 година“.

Сведок располага со имињата на споменативе и со детали од постапката, но поради зачувување на нивниот интегритет засега нема да ги објавиме, но ќе следиме дали во обвинителството ќе биде покрената дисциплинска постапка, според новиот Кодекс кој го донел неодамна Зврлевски, за кој ќе пишуваме дополнително, а во кој е забрането на пример и миење на возило гратис во некој сервис, кое е оквалификувано како корупција.
Доколку се формира мнозинство во парламентот помеѓу СДСМ, ДУИ и другите партии на Албанците, Марко Зврлевски ќе биде меѓу првите за кои се подготвува смена.

Во јавно објавените „бомби“ има материјали за тоа како Јанкулоска ургира кај Зврлевски да се отфрли кривична пријава против Зоран Ставревски.

Пријавата е отфрлена од обвинителката Анита Исајловска, која е во кумовски релации и не смеела да одлучува, за што подоцна е унапредена од основен во републички обвинител, а Зврлевски овој и слични случаи може да му наметнат и кривична одговорност на врат.