СЕКОЈ ДЕН ПО ЕДЕН ЕКС ДИРЕКТОР ИЛИ ГРАДОНАЧАЛНИК ОД ВМРО ДПМНЕ ДОБИВА ПОКАНА ЗА ЌОРКА!!!

0
1126

Екс – директорите на Агенцијата за филм, Дарко Башевски и Мими Ѓорѓовска – Илиевска заработија кривични пријави – и двajцата се сомничат за несовесно работење во службата во период од 2014 до 2016 година.

Според финансиската  полицијата, екс-директорите не изготвиле решенија за утврдени надоместоци кон друштвото „Тотал ТВ“ кое имало обврска како обврзник кон Агенцијата за филм врз основа на остварени приходи од вршење дејност во период од две години.

„Пријавените поранешни директори не изготвиле Решенија за утврдени надоместоци и не повеле правни постапки, со што му овозможиле Друштвото „ТОТАЛ ТВ“ ДОО Скопје да се стекне со противправна имотна корист од 2.898.474 денари, оштетувајќи ја Агенцијата за филм на Република Македонија“. – велат од финансиска полиција.

За двајцата екс директори оова е втора кривична. Пред Нова Година,заработија  кривични пријави и за злоупотреба на службената положба. ТВ 24 се обиде  да стапи во контакт и со двајцата поранешни директори, Башески не се одзва додека  Ѓорѓоска – Илиевска не сакаше да коментира.

Финансиската полиција минатата година поднела кривични пријави  против двајцата поранешни директори затоа што спротивно на законот  му овозможиле на Дејан Димевски  претседателот на УО истовремено да учествува како филмски работник, директор на фотографија и кинематографер, во реализација на десет филмски проекти финансирани од Агенцијата за филм, а кои претходно ги одобрил самиот тој. Со тоа тој прибавил корист за себе од над 100.000 евра преку неколку продуцентски куќи.