Friday, June 20, 2025
29.8 C
Skopje

СЕДНИЦА НА УСТАВЕН СУД – НА ДНЕВЕН РЕД ИНИЦИЈАТИВАТА НА „ЕКО СВЕСТ“ СО КОЈА СЕ ОСПОРУВА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 10. седница. На дневен ред e предвидено да се дискутира по осум предмети за оценување на уставност и законитост и да се донесат одлуки за четири предмети. На дневен ред е иницијатива поднесена од Центарот за истражување и информирање за животната средина „ЕКО СВЕСТ“, застапувани од Ана Чоловиќ-Лешовска, со која се оспорени членови од Законот за животната средина.

Подносителот на иницијативата, како што велат од Судот, тврди дека со оспорените одредби е повредено правото на граѓаните на здрава животна средина, уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата на животната средина, утврдена како темелна вредност во членот 8 став 1 алинеја 10 од Уставот, како и слободата на пристап и примање на информации, уредени со членот 16 од Уставот.

Според наводите во иницијативата, противуставно е спроведувањето на проекти коишто би можеле да имаат влијание врз животната средина, без да биде спроведена постапка за оценување на влијанието на проектот врз животната средина и без информирање и вклучување на јавноста во донесувањето на одлуки за животната средина.

На дневен ред, меѓу другите точки се и иницијативите со кои се оспорени членови од Законот за водите, од Законот за управните спорови и од Законот за земјоделското земјиште.

ОВАА НЕДЕЛА

КУЗЕСКА: РЕЈТИНГОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ПАЃА

Соопштение за јавност - одговор на новинарско прашање Бидејќи и вака...

МИТЕВА: НОВИ СОВРЕМЕНИ И ФУНКЦИОНАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО БОЛНИЦАТА ВО КОЧАНИ

„Почитувани граѓани, Почитувани медиуми, Благодарам за присуството. Денес сакам да информирам за...

МЗШВ ОБЈАВИ ЈВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНССКА ПОДДРШКА ВО РИБАРСТВОТО И АКВАКУЛТУРАТА ЗА 2025 ГОДИНА

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сите...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ