СЕГА ЦЕЛ СВЕТ ГИ НАУЧИЈА ДЕКА ВМРОВЦИТЕ СЕ КРЕАТОРИ НА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ ВО ЗЕМЈАВА, ДУРИ И СТУДИИ ВО ЕУ ПОЧНАА ДА СЕ ПРАВАТ ОД ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ НА ВМРОВЦИТЕ

0
774
Профилот на социјалните мрежи на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на неговиот ментор од Будимпешта, како и на неколку медиуми блиски до опозицијата се извори на дезинформации.
Ова се наведува во студијата посветена на мапирање на лажните вести, подготвена од Генералниот директорат за надворешна политика на Европската Унија по нарачка на Европскиот парламент.
Ова е уште една потврда, уште едно демаскирање на кујната во белиот дворец во стечај, во која се готват лажни вести, измислици и дезинформации, на штета на националните и на државните интереси, на штета на граѓаните.
Само ден претходно лагите на ВМРО-ДПМНЕ дека наводно повеќе земји членки на ЕУ се против интеграцијата на Северна Македонија, беа демантирани од странски амбасади.
Вистината секогаш излегува на виделина, вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ е антидржавна, антиевропска партија, која шири лаги и дезинформации, со кои ги поткопува напорите за евроатлантска интеграција на државата.
Граѓаните одамна им ги прочитаа лагите, затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе останат во опозиција.