СЕГА Е СЕ ЈАСНО, ЗАЕВ Е ИДЕН ПРЕМИЕР! Груевски и Ахмети мораа да одат кај него, а Заев го пречека на Бихаќка

0
937

Еден од најинтересните детали во врска со првата посета на еврокомесарот Јоханес Хан на Македонија е во локациите за средба со претставниците на власта и на опозицијата. И премиерот Никола Груевски, и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, мораа да одат на „европска територија“, односно во објекти на ЕУ во Скопје, за разлика од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој остана на „своја територија“, во седиштето на партијата.

132516526-540x248

Груевски заедно со министерот Никола Попоски и шефот на кабинет Мартин Протуѓер отидоа на средба со Хан во резиденцијата на евроамбасадорот, немаа можност да направат заедничка фотографија, а Груевски мораше да дава изјава за медиумите на улица пред влезот на резиденцијата.

gruevski058393-540x313

Коментарите на социјалните мрежи се дека Хан не сака да оди во кабинетот на премиерот бидејќи има сомнеж дека таму може да биде снимен, па потоа снимка од средбата мистериозно да се појави на Јутјуб, како што беше случајот со Заев.

Сличен беше примерот и со коалициониот партнер на Груевски, лидерот на ДУИ, Ахмети, кој отиде на средба во седиштето на Европската Унија во Скопје.

743AE9BE36C929429E6B865053EF4DC01

За разлика од нив, Заев не мораше да оди ниту во резиденцијата на евроамбасадорот, ниту во седиштето на ЕУ во Скопје, туку самиот Хан отиде на Бихаќка, во седиштето на СДСМ.

Sredba-Zaev-Han-540x338

-Скандалот со прислушувањето на 20.000 граѓани, упадот на власта во функционирањето на Јавното обвинителство, на судовите, местењето обвинителско – судски процеси, се само мал дел од доказите што ги поседуваме за урнисувањето на уставниот поредок на Македонија од страна на Груевски и неколкумина негови соработници – рекол на средбата Заев.

Тој најавил дека СДСМ има законска и морална обврска вистината за Македонија да ја сподели со граѓаните и тоа ќе го стори, во насока и со единствена цел, враќање на уставниот поредок во Македонија, на слободата и демократијата и нормализација на државата.

Sredba-Zaev-Han1-540x304

Хан не кажа детали за разговорите.

– Се надевам дека на крај ќе постигнеме значаен прогрес за европската перспектива на земјата. Понекогаш е подобро да се имаат интерни разговори со цел да се постигне напредок – беше кусата изјава на Хан по средбата со Груевски.

По ова, се поставува прашањето дали по почетокот на објавување на „бомбите“ на опозицијата, новиот еврокомесар, а со тоа и самата ЕУ испраќаат поинаква порака кон власта.