СЕГА Е ВРЕМЕ И РЕД ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ ДА ГИ ПОСОЧИ И МАКЕДОНСКИТЕ РУСКИ АГЕНТИ КАКО МИРКА, МИЛЕНКО, ОНИЕ ОД ЛЕВИЦА И РОДИНА КОИ ОДАМНА РАБОТАТ ПРОТИВ ИНТЕРЕСИТЕ НА ЗЕМЈАВА – ПЕТКОВ ЗА БГНЕС : РУСКИ АГЕНТИ ВО БУГАРИЈА РАБОТЕЛЕ ПРОТИВ ОДНОСИТЕ МЕЃУ СОФИЈА И СКОПЈЕ

0
1177

Всушност, интересот на Русија е насочен кон тоа да нема европска иднина на Западен Балкан, изјави бугарскиот премиер во Благоевград.

Руски агенти во Бугарија работеле против добрите односи меѓу Бугарија и С Македонија. Ова го тврди бугарскиот премиер Кирил Петков.

„Во Бугарија е формирана прилично голема руска дијаспора на агенти, која во моментов ја гледаме како работи за различни интереси. Има руски агенти што работеле конкретно против разбирањето меѓу Бугарија и Република Северна Македонија“, изјави денеска Петков во Благоевград, јави БГНЕС.

„Всушност, интересот на Русија е насочен кон тоа да нема европска иднина за Западен Балкан“, додаде Петков.