Wednesday, March 19, 2025
-3.2 C
Skopje

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СТАНА ДЕЛ ОД СЕПА, ЕДИНСТВЕНАТА ЗОНА ЗА ПЛАЌАЊЕ ВО ЕВРА, ВО ПРЕВОД ЌЕ СЕ ПЛАЌААТ 6 ПАТИ ПОМАЛИ ПРОВИЗИИ ЗА ПЛАЌАЊЕ ВО ЕВРА

Европскиот совет за плаќања денеска ја прифати нашата земја како 39 членка на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), соопшти Народната банка. „Од членството во СЕПА очекуваме бројни придобивки за нашите граѓани, компании, но и за економијата во целина.

Пред сè очекуваме побрзи, побезбедни и поевтини прекугранични плаќања во евра. Ова е особено важно за македонската економија којашто се карактеризира со висок степен на трговска отвореност (еден од највисоките во ЦЈЕ) и голем обем на прекугранични плаќања.

Оттаму, и потенцијалот за заштеда во трошоците, за подобрување на ликвидноста и за зголемување на конкурентноста на компаниите е голем. Секако, ова може да одигра значајна улога во процесот на натамошна трговска интеграција, забрзан економски раст и намалување на доходовниот јаз со ЕУ“, посочува гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката истакна дека членството во СЕПА е потврда и за високите регулативни стандарди коишто се применуваат од страна на финансиските институции, што е важно за натамошно поттикнување на конкуренцијата, иновациите, но и за задржување на финансиската стабилност, како предуслов и за макроекономската стабилност којашто е јавно добро.

ОВАА НЕДЕЛА

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ВО ПИРОГОВ, СОСЕДНА БУГАРИЈА ПОЧНАЛЕ САМОСТОЈНО ДА ДИШАТ

Четворица министри од Бугарија и од Северна Македонија ја...

ВО БУГАРИЈА КРВ ЗА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ МОЖЕ ДА СЕ ДАРУВА И ВО ВОЕНО-МЕДИЦИНСКАТА АКАДЕМИЈА (ВМА)

Воено-медицинската академија (ВМА) во Софија се приклучи на крводарителската...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ