СЕА ДА ВИ КАЖЕ МИМЧЕ ДВА ЗБОРА ЗА ВЕНКО: 10 СААТ НАВЕЧЕР ПРЕД ДВА МЕСЕЦИ ТОЈ МЕ ЗАМОЛИ ДА НАЈДАМ КОЈ Е АВТОРОТ НА ЕДЕН ТЕКСТ ЗА ЕДНА ЖЕНА БОЛНА ОД РАК

0
1478

Сеа да ви каже Мимче два збора за Венко. 10 саат навечер пред од прилике два месеца. Корона пичи, у полн ек. Значи најлош период беше, ако го изземеме ова со денешниве 40 души.

Венко ми вика ај бе молим те, можеш ли да најдеш кој го напишал текстов? Кликам на текстот, гледам некој непознат портал од Господ знае каде, ни импресум има, ни бутур. Си мислам, од кај го нашол текстов и порталов да ми е да знам. Али јас се запнав, раскопав и најдов дека уствари порталот го украл текстот од Вечер. Па се јавив кај фотографот на Вечер, тој да ми даде број од колешката. У текстот се правеше муабет за некоја жена болна од рак, сместена во државен карантин што го бара Венко да ја извади од карантинот да може да се лечи дома или да се оперира, нешто така беше, не ме земајте за збор.

Венко и се јави на новинарката, па ја најде жената и за ден два ја извади од карантин. Значи нити нешто у јавност излезе за ова специјално, нити чоекот нешто доби политички поени, нити тендер имаше у ситуацијава. Едноставно он си е таков. И ценете ги луѓето што се добри и не бидете злобни, се умирало од тоа.